Биографијата на Елвис Присли и полковникот Том Паркер стана најпродавана книга на Амазон


САД- Биографијата на Алана Неш од 2010 година за полковникот Том Паркер и Елвис Присли стана стана бр. 1 бестселер на Амазон  по биографскиот филм на Баз Лурман „Елвис“ со Остин Батлер како кралот на рокенролот и Том Хенкс како неговиот контраверезен менаџер. 

Додека Лурман тврди дека неговиот филм не е заснован на книгата на познатиот музички новинар од 2010 година, тој користел истражување од биографијата на полковникот-Присли, која се смета за една од најдефинитивните извештаи за врската помеѓу Присли и неговиот озлогласен менаџер.

За разлика од повеќето книги за Кралот, „Полковник“ истражува како Елвис станал таков феномен не преку самиот уметник, туку преку животот на Томас Ендрју Паркер, мистериозна личност позната по тоа што е еден од  менаџерите кој најмногу сакал да контролира во музичката историја. Приклучувајќи му се на Присли во 1955 година, на Паркер може да му се припише дека е еден од најзаслужните за кариерата на Присли.

Неш го започна своето известување откако присуствуваше на погребот на Присли во 1977 година. Таа беше една од единствените новинари на кои и беше овозможена можност да ги види посмртните останки на Елвис, но тоа изгледот на полковникот, облечен во хавајска маица и безбол капа на погребот и го зголеми интересот.

Во нејзиниот биографија од 448 страници, Неш открива досега невидени документи кои ги откопуваат најголемите тајни на Паркер, од кои многу ги објаснуваат чудните избори што тој ги направил во текот на кариерата на Присли. Зошто никогаш не му дозволи на Елвис да настапува во Европа? Зошто не му помогнал за дрогата ? Што беше со сите тие просечни филмови? Преку маестрално известување, Неш открива армиски досиеја, психијатриски досиеја, па дури и оригинален полициски извештај за нерешен случај на убиство, кои служат за подобро разбирање на сето тоа. 

Новооткриениот интерес за полковникот има смисла. „Елвис“ на Лурман, кој ги сруши кино благајните изминатиов викенд со заработката, но и доби најголем аплауз на светската премиера во Кан, го следи Елвис на Остин Батлер додека тој станува вреден газда на полковникот, кој го игра Том Хенкс.

Пишувајќи за тоа како врската е прикажана во филмот, филмскиот критичар на Variety, Овен Глајберман, пишува: „Без разлика што тој гледа низ шемите на полковникот, тој не може да се натера да се откаже од него. Сепак, тој го поминува остатокот од својот живот бунтувајќи се против него“. (Варајати)