Билт очекува долги преговори за формирање владина коалиција


Поранешниот шведски премиер и специјален пратеник на ОН за Балканот Карл Билт напиша на Твитер дека по вчерашните избори во Северна Македонија ќе следат долги прговори за владина коалиција, која, според него, би требало да биде верзија на досегашната.

– Претпоставувам дека ќе следат долги преговори за коалиција, но најверојатно ќе видиме верзија на сегашната влада и во текот на следните неколку години, како резултат на вчерашните избори, наведува Билт.