Билјана Иваноска ја отфрли понудата на обвинителството, утре ќе оди на распит
Кандидатката за градоначалник на Центар не знае ниту од кого е кривичната пријава, ниту за што. Утре треба да дознае што пишува во неа

Кандидатката за градоначалник за општина Центар од „Независни заедно“, Билјана Ивановска, нема да ја прифати понудата на Јавното обвинителство на Македонија да дојде на распит – откако ќе завршат локалните избори на кои таа ќе учествува, за да не го сфати тоа како политички притисок врз неа.
Според она што го изјави за „Независен“, Ивановска утре напладне ќе оди на распит во обвинителството за даде изјава околу кричината пријава за која не знае од кого е и за што, а обвинителството не знае дали воопшто има основа за неа.
Јавноста беше згрозена од фактот дека 11 часа откако ја објави кандидатурата, полиција и затропа на врата на Ивановска за да ѝ врачи кривична пријава и да ја повика на распит, бидејќи тоа беше протолкувано како политичка порака до неа и благ облик на репресија од власта. МВР и Обвинителството на РСМ го негираат тоа, но оставајќи ѝ да „избере“ кога да се јави на распит, практично оставија можност кривичната пријава да биде злоупотребена додека трае изборниот процес против неа.
„Јас немам што да кријам, имам чиста совест и не се плашам од никакви закани и ниски удари и притисоци. Мојата цел е достоинствен живот во Центар и нашата битка заедно со ‘Независни заедно‚ е отпор против воспоставените антивредности на корупција и клиентелизам кои нè доведоа до оваа ситуација“, реагираше Ивановска по овој настан.
Ивановска беше претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата од 2019-2024, каде дојде од местото самостојна ревизорка во Државниот завод за ревизија (ДЗР). Како кандидатка на „Независни заедно“ за градоначалничка на Општина Центар Ивановска е поддржана од граѓанските иницијативи „Шанса за Центар“, „Зелените за Гази Баба“ и „Групација 398“, кои се во тек на собирање потписи за да настапат како политичка партија. Поради комплицираната постапка, одморите и краткиот рок, ако не ја завршат регистрацијата на партијата на овие избори ќе учествуваат како независни, но ќе го продолжат формирањето на партијата бидејќи очекуваат „секакви сценарија“ од власта и етаблираните партии да им го отежнат тоа. (Н.В.)