Били Портер + „Џими Чу“ = Унисекс колекција на чевли


САД– Секогаш кога наградуваниот актер и стилска ѕвезда Били Портер (51) ќе се појави на црвениот килим, секогаш изгледа сензационално. Се сеќавате на неговиот фустан на Оскарите од Кристијан Сириано, што рушеше рекорди по прегледи на Интернет? Или неговиот изглед како египетски бог на сонцето на Мет Гала во 2019? 

И комплетирањето на неговите ансамбли е обично со неверојатен пар високи потпетици, нешто што отсекогаш му било опсесија.

„Бидејќи сум геј мало момче, многу ме привлекоа високите потпетици на тетка ми Шарон во нејзиниот плакар“, изјави Портер за Вог. „Ги испробав и едвај чекав додека моите нозе беа доволно големи за да ги собере реално“.

Сосема е природно дека љубителот на чевли конечно добива својата сопствена колекција со дизајнерски потпис. Портер ја започна својата прва соработка за чевли со луксузниот бренд, омилен на џет-сет елитата „Џими Чу“, вклучувајќи чевли со високи потпетици, рамни мокасини, чизми на платформа и неколку чанти, исто така. „ Колекцијата содржи чевли , од машки до целосно женски“, вели Портер. „Треба да можеме да се изразиме на кој било начин што го сакаме со нашиот [стил.]“ (Портер дури се погрижи линијата да биде целосно достапна и со величината, со парчиња достапни од ЕУ 36 до ЕУ 45).

Цените на линијата се движат од 650 до 1.095 долари. „Џими Чу“ ќе донира 100 илјади долари на непрофитната фондација на Портер, за поддршка на заболените од ЛГБТ заедницата.

За Портер, основата на оваа нова соработка е вкоренета во нешто уште полично. Тоа е всушност инспирирано од неговата мајка, која тој ја нарекува борец .

„Мајка ми има дегенеративна, невролошка состојба, што се должеше на медицинска небрежност. Таа има 76 години и никогаш немало дијагноза за тоа “, вели Портер. „Сега, таа нема никаква подвижност во своето тело. Еден од нејзините најголеми соништа беше да може да оди во потпетици – затоа стојам во потпетиците,  за одложениот сон на мајка ми “.

Кога дојде време да се промовира колекцијата, Сандра Чои  од „Џими Чу“ и Портер знаеја дека вистински момент е Месецот на гордоста. „Били е вистински оригинал“, вели Чои. „Тој го отелотворува стилот на брендот со неговиот смел дух на црвениот килим и надвор од него“.

Неодамна, Портер го прекина молкот за дијагнозата за ХИВ, велејќи дека тој скоро на никој не му зборувал 14 години од срам и страв од одмазда и маргинализација во неговата индустрија. Серијата на Портер е во својата трета сезона, последната рунда за шоуто. Тој пишува мемоари, работи на документарец на Нетфликс за неговиот живот и оваа година ќе глуми безполова самовила кума во новиот филм „ Cinderella”,  закажан за септември на Амазон . (Вог)