Били Ајлиш како Мерилин Монро: Му кажа „да“ на Оскар де ла Рента кога брендот му кажа „не“ на крзното


САД– Ова беше првпат Били Ајлиш да носи Оскар де ла Рента кога позираше на црвениот килим на Мет Гала во Њујорк. Но, за таа да се согласи да работи со модната етикета, инспирирана од стилот на секс симболот и модна икона Мерилин Монро, тимот на Оскар де ла Рента требаше да се согласи со еден важен услов.

Ајлиш (19) е веган веќе седум години и е гласен активист за правата на животните. Така, беше императив дизајнот што таа го избра да го носи за својата прва Мет Гала да не вклучува крзно.

Во изминатите неколку години, Оскар де ла Рента не користеше крзно во своите ревии на пистите, бидејќи на креативните директори Фернандо Гарсија и Лора Ким не им беше „шик, модерен или релевантен“, пишува Њујорк тајмс. Како и да е, брендот се  уште продаваше облека направена со крзно од животни во продавниците и вклучуваше „значителна сума на продажба и профит“, рече главниот извршен директор на Оскар де ла Рента, Алекс Болен.

Ставот на Ајлиш против крзно, ја инспирираше етикетата да направи голема промена.

-Многу размислував за она што го кажа [починатиот дизајнер] Оскар [де ла Рента] – патем, тој беше голем обожавател на крзно – дека единственото нешто што навистина го загрижува во модниот бизнис е стареењето на неговото око “, изјави Болен за Њујорк тајмс “.

Ајлиш годинава беше МЕТ амбасадор заедно со славни лица од третата генерација- Тимоти Шаламе, Наоми Осака и Аманда Горман.

Кога Вог потврди во мај дека Ајлиш ќе биде најмладиот ко-домаќин на Мет Гала во историјата, нејзината „подготвеност да прифати естетика што е иновативна како нејзината музика, ги доведе брендовите во подем во центарот на вниманието и ги предизвика старите правила за тоа како поп ѕвездата треба да се облекува “.