Биле на журка во Белград па короната ја пренеле во Швајцарија


Швајцарија- Швајцарските власти откриле во кантонот Граунбинден ново жариште на коронвирусот кој го донеле момчиња од журка во Белград , тврди швајцарски „20 мин“.

Група од шест пријатели се вратиле од Белград и по три дена заболеле од корона. Тие и нивните контакти се во карантин.

Докtорите велат дека не е важно каде се поминува ноќниот живот ама ако една личност заболе на такво место постои опасност од зарази, пренесува Танјуг.

Апелот е до младите да бидат одговорни кога одат во ноќен живот.