Билал Касами би сакал Македонија да биде албанска држава


 

По Косово кое стана втора албанска држава зошто да не е тоа и Македонија.

Вака првиот човек на Беса и градоначалник на Тетово, Билал Касами, синоќа во Тетово, честитајќи го празникот 28 ноември – Денот на знамето на Албанија – повика на единство меѓу Албанците. Ова го објавува весникот Лајм.

„Почитувани присутни, драги сопатници Изет, Африм, почитувани медиуми. Многу почитувани пријатели Арбр, Ардита, Беким. Почитувани пратеници, градоначалници и вие почитувани активисти. Честитки за празникот 28 ноември. Нема како да биде поинаку, освен што како што беше пред 111 години во нашата сакана Валона, денес овде во Тетово нека се обединат Косово и Македонија, да го направат Косово втора албанска држава и после Косово, зошто да не, и Македонија. Се чувствувам многу горд и среќен што денеска на 28 ноември, најголемиот историски ден во историјата на албанскиот народ, ја потпишуваме албанската коалиција, која ќе ги донесе неопходните промени за членство на Република Македонија во ЕУ“, изјави Касами.

На овој настан Европскиот сојуз за промени, на која припаѓаат Беса, Алтернатива и Демократско движење, официјално ја потпишаа декларацијата за соработка.