Бил и Мелинда Гејтс: Живот во фотографии

Бил и Мелинда Гејтс објавија дека ставаат крај на нивниот брак по 27 години затоа што „повеќе не веруваат дека можеме да растеме како двојка во следната фаза од животот“.
По тој повод Британскиот информативен сервис Би-Би-Си објави интересна фото-приказна за нивниот заеднички живот.
Двојката во 2000 година ја основаше Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс – непрофитна агенција која се стреми да се бори против сиромаштијата, болестите и нееднаквоста ширум светот.
Бил Гејтс, коосновач на Мајкрософт, кој го заработи своето богатство развивајќи софтвер за персонални компјутери, се повлече од својата секојдневна улога на чело на технолошката компанија во 2008 година.
Двојката првпат се запозна во 80-тите години на минатиот век кога Мелинда се приклучи на фирмата „Мајкрософт“.
Бил Гејтс е четвртата најбогата личност во светот, според Форбс, и неговото богатство е проценето на 124 милијарди долари.







Поврзани содржини:
Бил и Мелинда Гејтс се разведуваат по 27 години брак