Бил Гејтс: Загрижен сум за глобалната економија


Милијардерот Бил Гејтс во интервју за Си-Ен-Ен изјави дека е исклучително загрижен за економската ситуација ширум светот. Тој оцени дека ќе следи период на забавување на економскиот развој.
Тој го изјави ова како одговор на прашањето како очекува руската агресија врз Украина да влијае на глобалната економија во следните неколку години.

„Ова се случува во екот на пандемијата, за време на која долговите на земјите се веќе многу високи и кога има проблеми во синџирите на снабдување. Веројатно е дека забрзувањето на инфлацијата, која веќе постои во богатите земји, и зголемувањето на каматните стапки ќе ја забават економијата“, рече тој.

Гејтс истакна дека постојат аргументи кои неизмерно го загрижуваат.

Американското Министерство за финансии и централните банки на земјите ширум светот ги зголемија каматните стапки за да ја ублажат инфлацијата. Некои веруваат дека зголемувањето на каматните стапки е пребрзо и дека тоа може да предизвика рецесија.

Банките од Волстрит немаат исто мислење за тоа колку сериозно економијата ќе биде погодена од инфлацијата и дека постојат сериозни индикации дека инфлацијата веќе е на својот врв, пишува Business Insider.