Бил Гејтс ја предвидел пандемијата во 2015 година


Пред пет години Бил Гејтс  ја предвидел епидемијата со која се соочува целиот свет сега. Тој објавил блог на својата веб-страница „Гејтс Нотис“: „Не сме подготвени за следната епидемија“.Истиот ден во „Њујорк Тајмс“ објавил текст со наслов  „Како да се бориме со следната епидемија“ и текст во списание за медицина насловен како „Следната епидемија – лекции од еболата“.
Во секоја порака тој ден, Гејтс ја актуелизирал истата тема, дека веројатно ќе се соочиме со голема вирусна епидемија, а  не сме подготвени за тоа.

-Кога бев дете најмногу се плашевме од нуклеарна катастрофа. Денес, ако нешто убие над 10 милиони луѓе во следните неколку децении, најверојатно тоа ќе биде високо заразен вирус отколку за војна. Не проектили, туку микроби. Една од причините за тоа е што инвестиравме огромни пари во нуклеарна трка, а многу малку во систем за спречување на епидемија. Затоа, не сме подготвени за следната епидемија, порачал тогаш Гејтс.

Гејтс не е лекар. Но, тој е можеби најуспешниот филантроп во светот и донираше милијарди долари за јавно здравје (вклучувајќи 100 милиони американски долари за истражување на коронавирус од јануари, долго пред повеќето Американци или американската влада да го сфатат вирусот сериозно).

Минатата недела, Гејтс, одговори на 31 прашање во врска со пандемијата. Има неколку клучни точки кои вреди да се извлечат и истакнат.

1.Како стигнавме овде?

-Скоро немаше финансирање во справување со пандемии. Најголемата причина зошто не бевме подготвени да се справиме со оваа криза оваа година не беше дека пандемијата беше изненадување, туку  ние едноставно не посветувавме ресурси за да бидеме подготвени. Никој не можеше да предвиди какви се шансите од појава на нов вирус. ,Сепак, знаевме дека тоа ќе се случи во одреден момент или со грип или некој друг респираторен вирус, напиша Гејтс.

2. Што треба да правиме сега?

-Тестирање и социјално дистанцирање. Потребно е затворање во вашата заедница, така што стапката на инфекција драстично ќе падне“, вели тој, и покрај значајната економска штета што ќе ја донесе.Ако најбогатите земји во светот го сторат тоа, во рок од 2-3 месеци требало да избегнат високи нивоа на инфекција. Опасноста ќе биде уште поголема во светот во развој, напиша Гејтс, каде социјалното растојание е помало, а „болничкиот капацитет е многу мал.

3. Што потоа?

-Да се земат сериозно овие видови на закани и да бидеме подготвени да инвестираме во борбата против нив, како што би инвестирале во борба против вооружена војна со странска земја.Бидејќи дури и откако ќе се реши оваа криза, нема причина да се мисли дека нема да се повтори.Треба многу брзо да ги развиеме дијагностиката, лековите и вакцините. Технологиите постојат за да се направи ова подобро доколку се направат правилни инвестиции, порача Гејтс.