Бијонсе по три години на црвениот ќилим: Лавица во Александар Меквин


САД-Во Лос Анџелес се одржа премиерата на филмот „Кралот лав“, кој наскоро ќе можете да го погледнете и во нашите кина. Главна ѕвезда на вечерта беше Бијонсе која својот глас во филмот го позајми за лавицата Нали. Ова е нејзино прво појавување на црвениот килим по цели 3 години.

Заблеска во необична креација, која ја потпишува модната куќа Александар Меквин. Своите раскошни локни, ги скроти во плетенка и направи фризура во стилот на 90-тите.

Бијонсе издаде оригинална нова песна во пресрет на светската премиера, а синглот со наслов „Дух“ веројатно ќе влезе во трка за Оскар за најдобра песна.