БиХ со најмногу заболени во еден ден досега – 316


 

Ковид-19 во последните 24 часа во БиХ потврден е кај 316 лица, што е најмногу во еден ден од почетокот на панемијата.

Од нив 197 се во федерацијата, а 119 во Република Српска.

Во Федерацијата од корона вирусот починале три лица.

Тестирани се 1.050 примероци, или вкупно 66.744, а вкупно потврдени има 3.517 лица.

Оздравеле 1.453 пациенти, од кои 28 во последните 24 часа.

Активни се 1.988 случаи, а досега во федерацијата забележани се 76 смртни случаи.

Досега во Република Српска потврдени се 3.151 случаи со корона вирус, починаа 138 пациенти, а активни се 1.604 случаи.