Библиотеката „Ал-Би“ од Бабино издаде етнолошки каталог

Надалеку познатата библиотека „Ал-Би“ во селото Бабино, Демир Хисар, неодамна издаде етнолошки каталог во кој е претставена збирката на етнолошки експонати. Во оваа библиотека има околу 20 илјади книги, меѓу кои се наоѓаат и исклучително ретки изданија, а како дополнение се изложени и многу етнолошки предмети кои ја одразуваат посебноста на демирхисарскиот крај, неговата историја, обичаи и секојдневието. Многу често илјадниците посететители повеќе интерес посветуваат на овие експонати отколку на книжниот фонд.
„Етнолошкиот каталог“ е отпечатен со финансиска поддршка на Министерството за култура.