Библиотеката „Ал-Би“ од Бабино го објави „Каталогот на стари и ретки книги“ и Библиотечниот пасош
Библиотеката „Ал-Би“ во село Бабино, Деморхисарско, ги објави „Каталогот на стари и ретки книги“ и Библиотечниот пасош со се зголемува видливоста на оваа извонредна библиотека и нејзината поширока промоција.
Ова е второ издание на пасошот, а во „Каталогот на старите и ретки книги“ се опфатени книги печатени од 1595 до 1945 година. Проектот е ре4ализиран со финансиска поддршка на Министерството за култура и туризам на РС Македонија во рамките на Годишниот конкурс за финансирање на проекти од национален интерес во културата во областа на библиотечната дејност за 2026.