БИА уапсила двајца Израелци во протестите во Белград


 

Во немирите кои синоќа се случија во Белград приведени се двајца државјани на Израел.

Во прашање се Р.Л. (21) роден во украина и А.Ф. (18) роден во Киргистан.

Како што дознава Б92, тие во текот на претресот вчера биле затекнати како влечат вреќи со шут на коловоз, односно довлекле контејнери со ѓубре на улица и се обиделе да ги запалат.

Двајцата мажи во Србија дошле неодамна, еден на 19 јуни, а другиот на 3 јули.

За потсетување, претседателот на Србија Александар Вучиќ предупреди на прес-конференција за новинари дека во немирите во Белград вмешан е и странски фактор.

„Потфрлија нашите служби, имаше и наплив на странски фактор, и нашата служба со тоа ќе мора посериозно да се позанимава. Полицијата ја врати контролата над објектот (Собранието) и ги растера луѓето кои беа насилни“, рече Вучиќ.