Би Би Си: Експлозии во близина на Киев


Експлозии повторно одекнаа утринава во близина на Киев, објави британскиот јавен сервис Би Би Си.

Според медиумот, денешниот ден во главниот град на Украина започнал со сирени за тревога, по што од правец на предградијата се слушнале силни експлозии.

Вибрации, како што се додава, биле почувствувани и во центарот на Киев.

Дописникот на Би Би Си од Киев напиша на Твитер дека звуци од артилериско оружје се слушаат од периферијата на градот.

Тој нагласи дека не е јасно дали експлозиите биле предизвикани од руски или украински сили или и двете.

По вчерашните преговори со Украина во Истанбул, Русија најави дека драстично ќе ги намали операциите во близина на Киев и Чернигов.