БГНЕС шокиран што никој не го сака предлогот на Георгиевски
Во последните 24 часа во Македонија се одвива масовен и целосно координиран напад против поранешниот македонски премиер Љубчо Георгиевски, откако вчера тој предложи свој план за излез од ќор-сокакот во нашите билатерални односи, коментира репортерот на БГНЕС.Огромното мнозинство на медиуми не го објавија краткиот текст на неговите предлози, но наместо тоа објавија десетици коментари, анализи и реакции на „револтираните“ политичари, новинари и аналитичари.
Градоначалникот на градот Куманово, кој е дел од владејачката партија, Максим Димитриевски, побара од обвинителството да поднесе тужба и Георгиевски да остане без македонско државјанство. Пратеничката од партијата на премиерот Зоран Заев, Марија Георгиевска даде специјална изјава во која објави дека владејачката партија „нема апсолутно никаква врска со личните позиции на Георгиевски“.
Коалицискиот партнер на Зоран Заев, Павле Трајанов од Демократскиот сојуз е меѓу најгласните и за да биде забележан го рече следново: Немаме заедничка историја со Бугарите. Постоиме со векови, а на македонскиот јазик, како и на другите, му требаа илјадници години да се етаблира. Според него, „позициите на Lyубчо Георгиевски се пробугарски и антинационални“.
Во исто време, опозицијата, претставена од ВМРО-ДПМНЕ, го обвини Георгиевски за „обезличување на идентитетот на Македонија“. Портпарол на партијата рече дека „неговите тези се опасни и им штетат на националните интереси“.
Георгиевски предложи излез: Скопје да ја прифати историската вистина, а Софија – реалноста. Во нападот учествуваа „дипломати“ кои во минатото служеа и ја поддржуваа антиквизацијата на Никола Груевски.Сите медиуми, и провладини и опозициски, објавуваат „лути реакции“, но никаде нема барем едно неутрално мислење или коментар.
Сето ова потсетува на периодот по 1945 година, кога секој дисидент во Македонија се прогласуваше за „предавник, шпион, терорист, соработник на окупаторот или дел од петтата колона“.
Никаде во предвидувањата на Љубчо Георгиевски не беше спорен современиот македонски идентитет, но имаше повик земјата да ја прифати историската вистина, а властите во Софија да ги препознаат реалностите денес во РСМ, коментира БГНЕС.