Бездомно куче нападнало жена и усмртило куче домашен миленик


Улично куче - илустрација (Фото: Б. Грданоски)

СВР Тетово информира дека вчера (21 јуни) во 10.10 часот во ОВР Гостивар, 69-годишниот П.Ѓ. од Скопје пријавил дека во село Тресонче, неговата сопруга Е.С.Ѓ. била касната од куче скитник.

Воедно, неговото куче – домашен миленик било усмртено од истото куче скитник.