Безбедни паркинг места за заштита на децата и бремените жени, најпрвин во Скопје а потоа низ целата држава

Со новите безбедни паркинг места најранливите групи на граѓани како што се децата и бремените жени ќе бидат заштитени во јавниот сообраќај. Ова е имплементација што се реализира преку проектот „Безбедни семејни зони“, а како што истакна министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, целта е подигнување на јавната свест, но и културата на возење.

Спасовски на денешната прес-конференција на која го промовираше овој проект, посочи дека истиот овозможува дефинирање на безбедни семејни паркинзи во кои ќе можат да паркираат бремените жени или родители на деца до тригодишна возраст.

 

Проектот е изработен и исплементиран од страна на Автомотосојузот на Македонија со поддршка на Факултетот за безбедност, Градот Скопје и ЗЕЛС.

– Сакам да го изразам моето задоволство што денеска имавме можност да промовираме почеток на целосна имплементација на втората фаза од овој проект за безбедни семејни паркинг зони. Тоа е практично мултисекторска соработка еден проект што е изработен и исплементиран од страна на Автомотосојузот на Македонија со поддршка на Факултетот за безбедност, Градот Скопје и ЗЕЛС, и Министерството за транспорт и врски и Министерството за внатрешни работи се со цел сите заедно да работиме на подобрување на безбедноста на сообраќајот, подигнувањето на јавната свест и подигнувањето на културата на возење и управување со моторни возила во државата, рече Спасовски.

Тој додаде дека овој проект сега е во фаза на импементација целосно во градот Скопје, а ќе продолжат со имплементација и во другите градови во Велес, Куманово, Охрид… се со цел на територијата на целата држава да го имплементираат проектот и на тој начин да се крене безбедноста во сообраќајот

Деканот на Факултетот за безбедност, Никола Дујовски на прес-конференцијата посочи дека ние сме прва земја на Балканот што имплементира еден ваков проект. Тој рече дека веќе имале контакти од Црна Гора и Хрватска кои се заинтересираа и прашуваат како и тие да ги имплементираат тоа што ние веќе го направивме овде.

– Проектот кој што Автомотосојузот го имплементира со поддршка од Меѓународната автомобилска федерација е многу значаен затоа што покажавме дека институциите и министерствата ЗЕЛС, високо образовните институции, универзитетската клиника за гинекологија и акушерство можат сериозно да одговарат на предизвиците за тоа што значи апликација на странски проекти, рече Дујовски.

Тој посочи дека Факултетот за безбедност е дел од овој проект од првиот момент, ја подготвиле брошурата која е објавена на и во електронска и во печатена верзија, и ги повикува сите возачи, особено трудниците да не се грижат кога ќе излезат од дома, нивното слободно паркинг место веќе ги очекува.

– Тоа е работа која што институцииите ја прават за граѓаните, продолжуваме понатаму да ги градиме капацитетите на општсетсвото за поголема безбедност во сообраќајот и за посмирен сообраќај. Апелирам сите заеднички да придонесеме на подигнување на сообраќајната култура, истакна Дујовски.

Според градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов еден ваков настан внесува поинаков квалитет во сообраќајното живеење и во градот Скопје но и во останатите единици на локалната самоуправа. Тој порача ваквиот настан да биде еден вид провокација кон институциите, но и кон приватниот сектор да пристапат на еден поинакво начин на организирање на паркирањето.

– Зошто приватен сектор, затоа што не по дефиниција паркирањето е јавна дејност тоа е комунална дејност која може да биде пренесена и на приватни субјекти. Градот е подготвен и јас сум убеден дека и останатаите колеги градоначалници да поддржиме било каква приватна иницијатива за инвестирање во дополнување на паркинг местата и издавање на потребните лиценци, така што не секогаш е потребно паркирањето да биде јавна инвестиција туку паркирањето како такво секогаш е комунална дејност, рече Шилегов.