Безбеден за сообраќај мостот на патот Делчево – Македонска Каменица


Мостот во близина на таканаречениот Потпорен ѕид, кој е дел од патот Делчево – Македонска Каменица и магистралата А3, е безбеден за сообраќај, информираа од подружницата на „Македонија пат“.

На овој мостот, како што додадоа, регистрирано е оштетување на дилатацијата заради што ќе бидат преземени соодветни мерки за решавање на проблемот.

-На овој мост имаме проблем со дилатацијата, која е оштетена. Откако ќе биде избран изведувач ќе биде изработена нова, а дотогаш уште еднаш напоменуваме дека мостот е безбеден за сообраќај, истакнаа од „Македонија пат“.

Оттаму додадоа дека поради оштетување на друг мост кај месноста Црквенска река во село Очипала, кој е дел од истата магистрала сообраќајот на патот Делчево – Македонска Каменица таму и понатаму се одвива по една лента.

Целосна санација на овој мост, како што додадоа, ќе биде извршена по целосно направената детална анализа од страна на стручни лица.