„Безбеден град“ уставно „обезбеден“


Уставниот суд ги отфрли иницијативите со кои се бараше да се оспори системот „Безбеден град“, односно дел од одредбите од Законот за прекршоци.

Иницијативите ги поднесоа двата дела на Алијансата за Албанците, предводени од Зијадин Села и Арбен Таравари, како и студентот Или Пачуку, кој реагираше поради неупотребата на албанскиот јазик во пораките за прекршоци.

Судот оцени дека нема основ за поведување постапка и дека не е надлежен да ја оценува примената на законот.

Системот „Безбеден град“ продолжува да функционира, а според законските одредби, Законот за прекршоци важи за целата територија на државата.