Без вода затворот во Шутка


Поради скината цевка од приватна фирма на ул. „Брсјачка буна“ бб, денеска ќе биде прекинато водоснабдувањето за корисниците на дел од таа улица, вклучително и КПУ Затвор-Скопје.

ЈП Водовод и канализација информира дека водоснабдувањето ќе биде прекинато во 9 часот и ќе трае до отстранување на дефектот.