Без вода утре корисници од ул. „Џон Кенеди“ бр. 2, со намален притисок Топанско поле


Фото: Б. Грданоски

 Без вода утре од 9 часот ќе останат корисниците од улица „Џон Кенеди“ бр.2, зградата на маркет Веро и Поштата, а со намален притисок ќе бидат корисниците од населба Топанско поле.

ЈП „Водовод и канализација„ соопшти дека ќе се изведува водоводен приклучок од Ф 250“ на Ф 80“ на улица „Џон Кенеди“ бр.18, општина Чаир, а прекинот во водоснабдувањето ќе трае до завршување на планираните активности.