Без вода улиците „Челопек“, „Аврам Пислевски“ и „Ордан Чопела“


 ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје известува дека денеска од  9.40 часот, без вода ќе бидат  улиците „Челопек“, „Аврам Пислевски“ и „Ордан Чопела“ во Чаир. 

Водоснабдувањето ќе биде прекинато поради дефект на П.П. Хидрант од ф 80 мм на улица „Челопек“, бр. 4.

Корисниците ќе бидат без вода до санирање на дефектот.