Без вода шест улици во Скопје

Без вода во моментов се корисниците на дел од улиците „Брсјачка Буна“, „Злетовска“, „Демирхисарска“, „Слан Дол“, „Овчеполска“ и „Јован Хаџи Шишко“, информираат попладнево од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје.
Како што појаснуваат, причината е скината цевка на крстосницата од улиците „Брсјачка Буна“ и „Злетовска“.
Од претпријатието нагласуваат дека водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување со санација на дефектот.