Без вода корисниците од неколку улици во Кисела Вода
Прекин во водоснабдување денеска имаат корисниците од улиците „Емил Зола“, „Виктор Иго“, „Дренак“, „Драга Стојановска“ и „Невена Георгиева Дуња“ во општина Кисела Вода, соопшти ЈП Водовод и канализација.
Причина за прекинот на водоснабдувањето, како што посочија, е стопирање на стара водоводна мрежа на улица „Емил Зола“.
Водоснабдувањето е прекинато во 12.20 и ќе трае до завршување со активностите, информираа од претпријатието.