Без вода корисниците од дел од улицата „Партениј Зографски“
Поради изведување водоводен приклучок Ф-200 мм на улицата „Партениј Зографски“ бр.51 во населба Водно, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од оваа улица.
Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:30 часот до завршување на активностите за изведување на работите.