Без вода корисниците од дел од Аеродром и Центар


Без вода денеска ќе бидат корисниците од дел од општините Аеродром и Центар.

Како што соопштија од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, поради уличен дефект на улицата „Преспанска“ број 1, ќе се изврши испитување на водоводната мрежа. Прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населбата Маџир Маало.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:00 часот до завршување.

Исто така, поради промена на шибер Ф-80 мм во главна шахта на булеварот „Јане Сандански“ бр.83 во населба Аеродром, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од булеварот „Јане Сандански“ од број 51 до број 109.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на интервенцијата.