Без вода две улици во Чаир

Поради дефект на пп хидрант на ул.„Св.Прохор Пчињски“ 150, денеска прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица и од ул.„Стојко Јовановски“ во општина Чаир.
Како што информираат од ЈП Водовод и канализација – Скопје, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 8:30 часот до завршување со санација на дефектот.