Без вода дел од жителите на Општина Аеродром
Без вода денеска се дел од корисниците лоцирани на булеварот „Дванаесетта македонска бригада“ и улицата „Мите Богоевски“ во Општина Аеродром.
Како што информира ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради дефект ф-80 мм на булеварот „Дванаесетта македонска бригада“ 12а.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување со санација на дефектот.