Без вода дел од улиците „Милан Мијалковиќ“, „Кавалска“ и „Дижонска“


ЈП „Водовод и канализација“-Скопје известува дека денеска без вода ќе бидат дел од корисниците на улиците „Милан Мијалковиќ“, „Кавалска“ во Кисела Вода и „Дижонска“ во општина Чаир .

-Поради уличен дефект на водоводна цевка Ф 80мм. на ул.Милан Мијалковиќ 16, денеска од 09:00 часот, со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците на улицата „Милан Мијалковиќ“ и Кавалска, известуваат од ЈП „Водовод и канализација“-Скопје.

Оттаму информираат дека поради уличен дефект на приклучна водоводна цевка Ф 5/4“ на улица 2-ра Македонска Бригада 83, од 09:10 часот, без вода ќе бидат дел од корисниците на улицата „Дижонска“ крак 23 и крак 25.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување на дефектите.