Без вода дел од Општина Гази Баба, повеќе скопски општини без струја

Без вода денеска од 8:30 часот ќе бидат дел од корисниците од улиците „Шеснаесетта македонска бригада“, „Трифун Хаџијанев“ и „Јани Лукровски“ во Општина Гази Баба.
Како што информира ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради дефект во шахта на улицата „Шеснаесетта македонска бригада“ бр. 8/2.
Корисниците ќе бидат без вода се до санирање на дефектот.
Без снабдување со електрична енергија денеска од 5:00 до 15:00 часот ќе бидат дел од корисниците од улицата „Крсте Асенов“ и дел од булеварот „Христијан Тодоровски – Карпош“ во Општина Чаир.
Во периодот од 8:00 до 13:00 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од улицата „Востаничка“, во близина и од страната на маркетот „Рептил“ во Општина Кисела Вода.
Без струја од 8:00 до 14:00 часот ќе бидат корисниците од улицата „3“ во село Никиштани, Општина Ѓорче Петров, а од 8:15 до 14:00 часот дел од корисниците од село Кондово, општина Сарај.
Од 8:40 до 15:00 часот без струја ќе бидат корисниците од улиците „100“ и „101“ во Волково, кај кружниот тек, од 11:00 до 13:00 часот корисниците од Миладиновци, а од 12:00 до 14:30 часот дел од корисниците од Визбегово, кај Мармарис.
Како што соопшти РЦУК – Скопје, прекините се поради планирани технички интервенции во електродистрибутивната мрежа.