Без вода дел од општина Центар


Фото: Б. Грданоски

Без вода денеска од 9:00 часот ќе бидат дел од корисниците лоцирани на улиците „Васил Стефановски“, „Костурски Херои“, „Борка Талевски“, „Петар Попарсов“, „Деветти Мај“, „Роза Луксенбург“и „Христо Смирненски“ во Општина Центар.

Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради изведување водоводен приклучок од ф-80 милиметри на улица „Васил Стефановски“ бр 2.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување на интервенцијата.