Без вода дел од населбата Пролет во Центар


Без вода денеска од 9 часот ќе бидат корисниците на дел од населбата „Пролет“ во општина Центар, во Скопје.

Од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје информираат дека причина за прекинот на водоснабдувањето е дефект на улицата „Светозар Марковиќ“, кај Феријален дом во Центар.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато до санирање на дефектот.