Без вода дел од корисниците во Центар


Фото: Б. Грданоски

Без вода денеска од 8:30 часот ќе останат корисниците на потегот од Градски парк до Владата, како и од булеварот „Илинденска“ до Градскиот стадион, а од 9 часот и дел од корисниците на булеварот „Гоце Делчев“, дел од објектите на Македонската телевизија и населбата Крњево.

Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, прекинот со водоснабдување е поради уличен дефект на водоводна мрежа на улицата „Коле Неделковски“ бр. 5 во Општина Центар, и дефект на приклучна цевка со пречник Ф-150 милиметри на улицата „Дана Стуцки“ бр. 18, исто така во Општина Центар.