Без вода дел од Црниче и Гази Баба
Поради уличен дефект на улицата Чедомир Кантарџиев број 3 во населба Црниче, прекинато водоснабдување имаат корисниците од оваа улица и од Свети Наум Охридски, информираат денеска од Јавното претпријатие Водовод и канализација – Скопје.
Водоснабдувањето било прекинато од 10:45 часот, предвидено е прекинот да трае до санирање на дефектот.
Поради уличен дефект, без вода од 11:45 часот се корисниците од улиците Модест Мусоргски, Карл Либнехт, Карл Хрон и Анри Барбис во општина Гази Баба, соопшти ЈП Водовод и канализација – Скопје.
Прекинот во водоснабдувањето ќе трае до санирање на дефектот.