Без струја утре повеќе општини во Скопје


Поради техничките зафати во електросистемот, утре без електрична енергија ќе останат дел од општините Гази Баба, Арачиново, Илинден, Сарај, Ѓорче Петров и Кисела Вода.

Од РЦУК Скопје информираат дека утре без струја од 4 до 6 часот ќе бидат корисниците од селата Стајковци, Арачиново, Марино, Кадино, Илинден, Бела Земја, област Белви.

Во периодот од 100 до 12.45 часот ќе бидат корисниците на дел од селото Бојане.

Од 4 до 6 часот корисниците од селата Кондово, Рашче, Радуша, Дворце, Копаница, Бојане, Горно и Долно Свиларе, хлоринаторна станица Рашче, ц пумпа Рашче, каптажа Ражче, Грачани и дел од селото Кучково.

Во периодот од 9 до 14 часот корисниците од улицата „Речиште“ (покрај каналот).