Без струја утре делови од Карпош, Бутел, Кисела Вода и Шуто Оризари


Од 9 до 14 часот утре (19 јули) електрична енергија ќе немаат корисниците од ул.„Франце Прешерн“ во општина Карпош поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа.

Како што информира РЦУК, од 9 до 13 часот утре без струја ќе бидат и корисниците на ул.„Козле“ бр. 82, 84, 86,. 90 и 92 во Карпош, а во истиот период од денот струја ќе немаат и дел од ул. „Хо Ши Мин“, во близина на слаткарница „Кувертира“, ул.„Зуфер Мухиќ“, дел од ул.„Марко Крале“ (исто така во близина на „Кувертира“) и ул. „Андре Мазон“ во општина Бутел.

Од 9 до 12 часот утре е најавен прекин во напојувањето со електрична енергија за корисниците од ул.„Иван Коазарев“ 45 во Кисела Вода и од 12 до 14.30 часот  за корисниците на дел од ул.„Виничка“ во општина Шуто Оризари.