Без струја корисниците на неколку улици во општините Илинден и Аеродром
Без струја во одреден период од денот денеска ќе бидат дел од корисниците во општините Илинден и Аеродром.
Како што информира ЕВН Македонија АД денеска во период од 9:00 до 14:00 часот без струја ќе бидат корисниците на дел од ул.11 и ул.1 во општина Илинден.
Во период од 09:00 до 14:00 без струја ќе бидат корисниците на ул.„Милан Зечар“, ул.„Вангел Тогоровски“, ул.„Пандил Шишков“, ул.„Руди Чајковец“ во општина Аеродром.