Без струја корисниците на дел од „Ловќенска“ во Карпош


Фото: Б. Грданоски

Без електрична енергија денеска ќе останат корисниците на дел од улица „Ловќенска“ во општина Карпош.

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека прекинот ќе биде поради зафати во електродистрибутивната мрежа. 

Прекинот ќе биде во периодот од 09:00 до 14:00 часот и тоа за дел од корисниците од „Ловќенска“ бр. 27, 29, 31, 33, 35 и 37.