Без струја делови од Сопиште, Аеродром и Студеничани

Без електрична енергија денеска ќе бидат делови од општините Сопиште, Аеродром и Студеничани.
Во периодот од 07:00 до 16:00 часот, струја ќе немаат корисниците од последна автобуска станица 24-ка до маркетот „ДАВИДОВ“ во општина Сопиште, а од 13 до 15 часот корисниците од викендиците Дражилово, ХПП Патишка Река и Крас Јаболце.
Од 08:30 до 15:30 часот без струја ќе бидат корисниците од улицата „Ѓорѓи Капчев“ во општина Аеродром, а од 09:30 до 12:00 часот дел од корисниците на селото Морани во општина Студеничани