Без струја делови од Илинден и Ѓорче Петров
Без електрична енергија денеска ќе останат дел од општините Илинден и Ѓорче Петров.
Од ЕВН Македонија информираат дека во периодот од 08:30 до 15:30 часот без струја ќе бидат корисниците од селата Текија, Дељадровци и Миладиновци во општина Илинден, а во периодот од 09:30 до 14:30 часот, дел од корисниците од улицата Ѓуро Салај и улиците Алекса Демниевски, улица 19, Даутица како и објектот на основното училиште во општина Ѓорче Петров.