Без струја дел од општините Ѓорче Петров, Сарај и Петровец


Без струја денеска ќе бидат дел од општините Ѓорче Петров, Сарај и Петровец, информираат од ЕВН.

Од 09:00 до 13:00 часот, прекин на електрична енергија ќе има дел од улицата „Црвена Армија“, амбуланта „Диамед“, старо кино, фирмата „Трикотажа“ во Општина Ѓорче Петров, а од 09:00 до 15:00 часот, корисниците од селата Рашче, Копаница и Бојане во Општина Сарај.

Според најавата, денеска од 08:00 до 15:00 часот, струја ќе нема во цело Катланово, индустриски објекти на автопатот за Катланово, Катлановска Бања, Летевци, Градманци, Брезница. Краткотрајни прекини ќе има во период од 08:00 до 08:45 и од 15:00 до 15:30 на дел од населените места во Општина Петровец.