Без струја дел од општина Шуто Оризари


 Без електрична енергија денеска од 9 до 12 часот ќе останат дел од потрошувачите лоцирани на улиците „Тиквешка“, „Демирхисарска“ и „Хаџи Јован Шишков“ во општина Шуто Оризари. 

Како што информира РЦУК – Скопје, прекинот е поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа на Град Скопје.