Без струја дел од Центар и селата Горна Краста и Јаболци
Без електрична енергија денеска од 09:00 до 11:00 часот ќе останат корисниците на дел од улиците Максим Горки и Мито Хаџивасилев Јасмин во Општина Центар, информира РЦУК Скопје.
Од 09:00 до 12:00 часот струја ќе немаат и корисниците во селата Горна Краста и Јаболци во Општина Сопиште.