Бесплатно онлајн советување за жени – жртви на семејно насилство


Во рамки на советувалиштето на Сојуз – Национален совет за родова рамноправност, покрај бесплатната поддршка која се нуди за жени – жртви на семејно насилство (во форма бесплатна СОС линија, 141-700, достапна 24 часа), како и бесплатно советување со психолог, социјален работник и правен советник со физичко присуство во нашите простории, воведена е нова услуга – бесплатно онлајн советување преку видео или аудио повик.

Како што наведуваат од тимот на НСРР, терминот од 45 минути се закажува преку меил адресата [email protected]., а целта на сето ова е, проширување на достапноста до сите оние жени  кои имаат потреба од психо-социјална или правна поддршка, а не се во можност физички да го посетат советувалиштето.

-На овој начин сметаме дека ќе влијаеме и на превенција на појавата на семејното насилство во нашето општество, побрза реакција и излегување во пресрет на потребите на жртвите со цел безбедно напуштање на насилната средина и остварување на правото на независен живот ослободен од насилство, велат од НСРР.