Бесплатни претстави во МНТ по повод Светскиот ден на театарот


Mакедонскиот народен театар, по повод 27 март, Светскиот ден на театарот, за љубителите на театарската сцена организира две бесплатни претстави.

Првата е  детско-младинската претстава „Силјан Штркот шанца“ во режија на Срѓан Јаниќијевиќ, која ќе се одигра на малата сцена на 30 март во 12 часот.

Втората  бесплатна  е претставата „Бесачи“ во режија на Јавор Грдев, која  ќе биде со вечерна изведба на 6 април во 20 часот.

Од НУ Македонски народен театар,  ги повикуваат љубителите на театарот да повелат на театар и ги информираат дека Гратис билетите ќе се подигнуваат пред почетокот на изведбите.