Бесплатен влез за натпреварот на македонските ракометарки со Украина


Ракометната федерација на Македонија донесе одлука влезот на претстојниот бараж натпревар за Светското првенство на женската репрезентација со Украина да биде слободен.

 

Натпреварот ќе се игра на 8 април во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје. Македонските ракометарки заслужуваат поддршка од трибините и затоа РФМ апелира на што поголема посетеност.

 

Избраничките на селекторот Љубомир Савевски ветуваат максимално залагање и голема борба за остварување што подобар резултат.

 

Реваншот на кој Украинките формално ќе бидат домаќинки ќе се игра на во Унгарија на 11 април.