Бесплатен јавен превоз по повод манифестацијата „Бела ноќ“


Фото: Б. Грданоски

По повод манифестацијата „Бела ноќ“, граѓаните ќе можат да го користат јавниот превоз бесплатно, информираат од Јавното сообраќајно претпријатие- ЈСП.

Бесплатниот превоз, како што појснуваат оттаму, ќе важи од 18 часот во сабота на 5 октомври до 4 часот во недела на 6 октомври.