Беснеат пожари низ Европа, во тек евакуации: „Ова е постапокалиптично“


 

Илјадници пожарникари се борат со огнот низ Европа. Големи шумски пожари беснеат во Португалија, Шпанија, Франција, Грција и други европски земји.

Шумски пожари се проширија на југозападот на Франција на речиси 10.000 хектари. До денеска од покраината Жиронд евакуирани се повеќе од 12.000 луѓе, а повеќе од 1.000 пожарникари се обидуваат да ги изгасат пожарите.

„Со оглед на временските услови и големите ризици од избивање пожари, властите привремено оневозможија пристап до шумските подрачја за професионални и рекреативни цели„, стои во изјавата. Еден жител за Би-би-си ги опшиша пожарите во близина на францускиот југозападен атлански брег како „постапокалиптични“.

Шумскиот пожар на Крит под надзор

Шумскиот пожар кој од вчера беснее на островот Крит, денеска е ставен под контрола. Грчката противпожарна бригада рече дека цела ноќ се борелесо пламените. Шест села е евакуирани.

Иако пожарот се приближил до населбите; ни една куќа не е зафатена, вели градоначалникот на општината Агиос Василеос.

Според последните податоци од терен биле ангажирани 110 пожарникари со 33 протипожарни возила. Утрово со работа продолжиле пет противпожарни хеликоптери. Во регионот дувале силни ветрови кои непрестајно го ширеле пожарот.

Министерството за климатски кризи и заштита на граѓаните повторно предупреди на „многу висок ризик од шумски пожари„ во пет региони во земјата. Нивото на предупредување од четири или пет, се однесува на регионот Атика, со главниот град Атина, како и на островите Еубеј, Крит, Киос и Самос.

Властите апелриаа граѓаните никако да не палат оган на отворено. Инаку, во средата во Грција падна хеликоптер кој учествуваше во гасењето на пожарот на островот Самос, при што загинаа двајцата пилоти.

Во Португалија загина пилот на канадер

Во Португалија, каде веќе една недела владеат силни жештини, избија низа пожари, а спасувачката служба синоќа јави за десетина активни пожари кои ги гасат повеќе од 900 пожарникари. Истовремено, на северот на Португалија, има голем пожар во округот на Порто.

И селото Еириза е под закана од пожарот, но за среќа, ветрот дува спротивно од куќите. Пред вчера малку да падне, температурата на воздухот беше 47 степени на северот на Португалија, што е највисока вредност измерена во јули во земјата.

Од почетокот на годинава во Португалија изгореа повеќе од 30.000 хектари, што е најмногу од 15 јули 2007 година, која ја обележаа смртоносни пожари и загинаа стотици луѓе.

Канадер што гасеше пожар во Португалија падна вчера приквечер, а загина пилотот. Властите уште не знаат што точно се случило со авионот со средна големина.

Пожари беснеат и во Италија

Пожар изби и во популарното туристичко место Бибионе во Италија. Турсистите беа спасувани од крајбрежната стража. Неколку пожарникарски тимови со хеликоптер се борат со пожарот на границата меѓу покраината Венето и Фурланија. Огнот е сузбиен вчера вечерта.

Со оглед на сушата, пожарот може да избил сам од себе.

Цивилната заштита ги предупреди луѓето да не се приближуваат со планинарски и скијачки подрачја источно од градот Трент. Пожaри има и на Сицилија и на Сардинија, а се гасат со летала од воздух.

Во Шпанија масовни евакуации

На југот на Шпанија, во близина на Коста дел Сол, околу 2.300 луѓе мораа да бегаат од пожарот кој избувна кај Малага. Температурите утрово таму биле 37 степени Целзиусови.

Од вторникот температурите во Португалија се 47 степени и повеќе од 40 во Шпанија, што ги поттикна пожарите. Повеќе од 300 луѓе во двете земји починаа од горештините, јави шпанската агенција ЕФЕ.